Голманот на Атлетико Мадрид, Облак и убавата тенисерка Даниловиќ на одмор (ФОТО)

by Тони Зографски

Еден од најдобрите светски голмани, единицата на Атлетико Мадрид, словенечкиот фудбалер Јан Облак и неговата девојка – српската тенисерка Олга Даниловиќ уживаат во својата љубов.

Познатиот спортски пар моментално е на летен одмор, а неодамна дури објавија и заеднички фотографии на мрежите.

Јан Облак сподели слики од Црна Гора на својот Инстаграм, а меѓу нив има и фотографии со Олга Даниловиќ.

Како што можете се види од фотките, Јан дефинитивно не може да се одвои од својата сакана, тенисерката Олга , која инаку е ќерка на легендарниот кошаркар Предраг Саша Даниловиќ.

Под фотките од одморот , Јан кратко напиша „Лето“, а набргу потоа, регаираше и Олга со:

„Со тебе“, напиша кратко таа.

останати вести