Марго Роби знае како да ужива во шармот на летото, но и во интимните моменти со својот сопруг Том Акерли.
Не толку одамна, најубавата жена на светот Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли отворија ново животно поглавје – станаа родители и од тој момент мудро ги избираат настаните на кои ќе присуствуваат.
Тие ретко се појавуваат во јавноста, а странските медиумски фотографи само повремено ги забележуваат во ресторан, кафуле или само на прошетка низ градот.
Сепак, двојката одлучи да направи пауза од родителството и се упати кон Италија. Папараците ги забележаа познатите љубовници во хотел во Неапол, во состојба на љубовен занес.
Марго и Том беа на хотелската тераса, а вниманието на фотографите го привлече нивниот интимен момент, комплетиран со бакнежи и прегратки.


