Крис Мартин проговори за скандалот со неверството: „Само се шегував, се чувствувам ужасно“

by Тони Зографски

Фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, за првпат јавно се огласи по виралниот инцидент од нивниот концерт во Бостон, Масачусетс, каде негов коментар ненамерно разоткри наводна афера помеѓу оженет извршен директор и неговата вработена.

Во изјава дадена на синоќешниот концерт, Мартин изрази шокираност и жалење за тоа како една обична шега ескалирала во глобален скандал.Неговата реакција доаѓа откако видеото од инцидентот беше прегледано десетици милиони пати на социјалните мрежи.

Пред илјадници фанови, Мартин ја искористи можноста да ја разјасни ситуацијата. „Сигурно сте слушнале за лудата приказна од пред некоја вечер. Сакам само да знаете, јас само видов две лица кои изгледаа срамежливо и се обидов да направам смешна, глупава шега. Немав поим што ќе се случи потоа и, да бидам искрен, се чувствувам по малку ужасно поради тоа“, изјавил Мартин.Тој додаде дека неговата намера била само да ја забавува публиката, а не да предизвика проблеми во нечиј приватен живот.

Инцидентот се случи кога камерата на концертот ги фокусираше Енди Бајрон, извршен директор на компанијата „Астрономер“, и Кристин Кабот, директорка за човечки ресурси во истата фирма. Кога тие панично се обидоа да се сокријат, Мартин прокоментира:

„Или имаат афера или се навистина, навистина срамежливи.“

Видеото експлодира на TikTok и X, по што корисниците ги идентификуваа, а приказната за наводното неверство стана светска вест.

останати вести