Џенифер Лопез (55) изјави дека повеќе не планира да се мажи, откако минатата година го заврши бракот со актерот Бен Афлек.
Двојката се разведе по помалку од две години брак, а пејачката и актерка сега отворено призна за време на настапот дека повеќе не е заинтересирана за тоа.
Имено, за време на настапот во Билбао, Шпанија, Џенифер забележала обожавател од сцената како држи знак: „Џ.Ло, омажи се за мене?“ На тоа таа одговорила со насмевка: „Мислам дека завршив со тоа. Пробав неколку пати.“
Џенифер досега беше мажена четири пати – прво со Оџани Ноа, потоа со Крис Џад, потоа со Марк Ентони, со кого има две деца, а се омажи за Бен Афлек во 2022 година. Двојката имаше две церемонии – првата во Лас Вегас и втората во Џорџија. Сепак, во април 2024 година, тие поднесоа барање за развод, кое официјално беше финализирано во јануари оваа година.

