По разводот од Кеш Ворен, холивудската ѕвезда Џесика Алба повторно е во центарот на вниманието – и тоа поради нова романса. Откако беше забележана во интимно друштво на аеродромот во Канкун со „мистериозен“ маж, американските медиуми открија за кого станува збор: актерот Дени Рамирез кој 12 години помлад од неа.
Рамирез е познат по улогите во блокбастерите „Капетан Америка: Храбар нов свет“, „Топ Ган: Маверик“ и серијата „Последниот од нас“. Гласините за нивната врска почнаа уште во мај, кога беа фотографирани како шетаат низ Лондон, но идентитетот на Рамирез остана нејасен – сè до сега.
Двајцата побараа заедничко старателство, а нивната разделба помина мирно и достоинствено.Актерката претходно призна дека бракот со Ворен станал како цимерска врска, што на крајот довело до нивната одлука за разделба.