Најголемите музички ѕвезди од екс Југославија се појавија на синоќешното доделување на регионалните музички награди „Mjuzik avords seremoni “(МАС 2019), во арената „Штарк“ во Белград. Продефилираа преку 200 познати личности, вклучувајќи ја и нашата Каролина Гочева, која беше и единствената Македонка што настапи на доделувањето. Од вкупно шесте македонски изведувачи што беа номинирани во 13-те категории, 38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“.
https://www.instagram.com/p/BtO-HUBH3rW/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
На сцената настапија и: Марија Шерифовиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Петар Грашо, Наташа Беквалац, Бајага и Инструктори, Раста, „Ван Гог“, Тони Цетински, Масимо Савиќ, Аца Лукас, Јелена Карлеуша, „Плави оркестар“, Стјепан Хаусер, Емина Јаховиќ (со Жељко Јоксимовиќ), Сергеј Четковиќ, Тончи Хуљиќ и Јелена Розга (со песни од „Магазин“), „Тропико бенд“, „Лету штуке“, „Лолобриџида“ и „Вива вокс“.
Инаку, сите собрани средства од телефонското гласање и од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за УНИЦЕФ.