Во светот во кој што границите на естетската хирургија се поместуваат секој ден, Андреа Иванова од Бугарија отиде чекор понатаму – всушност, цела еволуција понатаму. Пластичен хирург и направи неверојатно големи усни.
Нејзините усни, за кои тврди дека се „најголеми на светот“, станаа заштитен знак на Андреа, но и причина зошто сега страда и пати од неподнослива болка.
Уште повеќе, што лекарите сега одбиваат дури и да ја лекуваат. Нејзиниот случај поставува важно прашање: каде е границата меѓу слободата на избор и медицинскиот ризик?Андреа има 28 години и вели дека секој месец прави нови инјекции со филери за да ги одржи усните „свежи“. Како што тврди, досега потрошила повеќе од 20.000 евра за својот изглед.
Сепак, и покрај предупредувањата од лекарите дека постојаните инјекции можат сериозно да го загрозат нејзиното здравје – таа не престанала.Неодамна, додека јадела чоколадо со лешници, скршила заб – што, како што вели, ѝ предизвикало „неподнослива болка“. Сепак, двајца стоматолози во Софија одбиле да ѝ помогнат – токму поради големината на нејзините усни.
– Ми рекоа дека не можат да работат на мене бидејќи моите усни им пречат во работата. Се чувствував понижена и отфрлена – рече Андреа.Таа признава дека нејзиното семејство не го одобрува нејзиниот изглед.
