Ева Лонгорија Бастон веќе со денови ужива на плажата во Марбеља со својот син Сантијаго Енрике и сопругот Хозе Антонио Бастон. Таа ја пропушти свадбата на нејзината пријателка Лорен Санчез и Џеф Безос, тридневната прослава што траеше од минатиот четврток до сабота.
Актерката и продуцентка привлече бројни погледи во розовиот дводелен костим за капење со танга детаљ. Како и обично, таа носела и бела кошула, што е нужен детаљ на нејзиниот летен стил како и сламена шапка и очила за сонце.
Инаку кога ги забележала папараците, тие воопшто не ја вознемириле, а се чини како да уживала во позирањето, бидејќи некои од позите беа навистина предизвикувачки.






Лонгорија, повторно како и обично, се обидела стомакот да ѝ биде што е можно порамен, иако и без вовлекување таа изгледа одлично. Инаку само пред неколку дена, актерката била фотографирана на истото место, во тегет костим за капење кој исто така имал и танга дел.

