Хали Бери (58) ги воодушеви своите обожаватели со интересна објава на Инстаграм.
Во видеото, кое го снимила за време на одморот, Бери танцува во бело бикини додека во позадина се слуша новата песна на нејзиниот партнер, музичарот Ван Хант (55), наречена Prelims (mind and meat).
Исто така, на крајот од видеото имало мала грешка – додека Бери енергично танцувала, нејзиниот долен дел од бикинито се олабавил, предизвикувајќи брзо да истрча од кадарот смеејќи се. Хант се смееше во позадина и рече: „Сè уште снимам“.

„Кога музиката на твојот маж е толку добра, едноставно не можеш да се воздржиш“, напишала актерката во описот на објавата, а коментарите од обожавателите набрзо почнале да се слеваат. „Умирам од смеа“, „Крајот на видеото ме насмеа“, „Среќа и мир“, „Можеш да видиш дека го сакаш животот“, ѝ напишале тие.

За потсетување, двојката е во врска од септември 2020 година. Бери го откри идентитетот на Хант објавувајќи фотографија од себе на која носи маица со неговото име на предната страна со натпис: „Сега знаеш…“ Во интервју за Marie Claire, Бери рече дека тоа е прв пат да биде лудо заљубена пред да спијат заедно, опишувајќи ја нивната врска како „магична“.



