Патничка од Кина предизвика вистинска сцена на аеродромот Малпенса во Милано откако персоналот на шалтерот одбил да ѝ дозволи рачен багаж поради прекумерна тежина.
Инцидентот е снимен на видео кое брзо се прошири на интернет.
Вработените го проверија нејзиниот багаж и утврдија дека е претежок. На патничката ѝ било понудено да плати дополнителна такса или да извади вишок предмети од чантата, но тоа предизвика целосна емоционална експлозија кај неа.
Врискање, тркалање по подот
Наместо да ја реши ситуацијата, жената легна на подот, почна да вреска, да се тркала наоколу и да удира со рацете и нозете, како дете во бес. Другите патници и вработени на аеродромот беа во шок, набљудувајќи го необичниот испад. Персоналот се обиде да ја смири патничката, но без успех. По долго време, жената беше отстранета од летот, а откако се смири, беше префрлена на подоцнежен лет.
„Ова е нејзината преговарачка тактика“
Однесувањето на патничката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Некои ја нарекоа „разгалена“ и ја споредија со „тригодишно дете“, додека други коментираа дека очигледно се обидела да „манипулира со персоналот со хистерија“.
„Како мисли дека ова ќе ѝ помогне?“ праша еден корисник, додека друг напиша: „Тажно е да се види возрасна личност како се однесува вака“. „Ова е најлошиот испад што некогаш сум го видел“, напиша некој.