Џеф Безос и Лорен Санчез се снимени на јахта во Хрватска (ФОТО)

by Тони Зографски

Додека се приближува свадбата што многумина веќе ја нарекуваат „свадба на векот“, милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез решија да ги поминат последните денови пред да го кажат судбоносното „Да“ во Хрватска.

Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна со својата свршеница на хрватскиот брег на почетокот на јуни. Нивните луксузни јахти, Кору и придружниот брод Абеона, беа снимени во марината Каштела, објави Индекс.

Двојката се качи на 10 јуни, а патувањето потоа ги однесе на островот Хвар, каде што се закотвија во близина на Стари Град. Вечерта ја поминаа во еден од ексклузивните ресторани таму, а веќе следниот ден продолжија кон Корчула.

За време на патувањето, Безос и Санчез не ги криеја своите емоции – беа видени како разменуваат нежности на палубата.

Тие го посетија ресторанот „Код барба Луке“

Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот Код барба Луке, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.

„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стариот град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Генерално, тие се многу пријатни луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот Катарина Роиќ-Скелин за „Вечерњи лист“. Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел и на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.

останати вести