Се разлути најубавата германска фудбалерка: Престанете да ми праќате слики од голи мажи (ФОТО)

by Тони Зографски

Капитенката на женската фудбалска репрезентација на Германија, Јулија Гвинова (25), се огласи на социјалните мрежи со јасна порака, а сето тоа затоа што мажите ја опседнуваат со непријатни пораки за нејзиниот изглед.

Сепак, откако почнала да добива несоодветни фотографии од перверзни мажи во нејзиното сандаче, морала јавно да проговори и да ги истакне непријатностите низ кои минува.

– Секој ден добивам слики од голи мажи со нивните гениталии – рекла Јулија.

Таа додава дека се однесува грубо кон нив и дека ги пријавува сите сметки.

– Ги бришам фотографиите и ги пријавувам сметките за вознемирување секој пат – додаде капитенката на германската репрезентација.

Според германските медиуми, Јулија Гвинова е во среќна врска, па затоа не обрнува внимание на никого друг освен на нејзиниот сегашен партнер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com