Почина Матија Дедиќ, големиот пијанист и син на Арсен и Габи Новак (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот хрватски џез музичар Матија Дедиќ (син на Арсен Дедиќ и Габи Новак) почина во недела во Загреб на 53-годишна возраст.

„Croatia Records“ ја потврди ненадејната смрт на музичарот.

„Со голема тага објавуваме дека одненадеж нè напушти Матија Дедиќ, еден од нашите најпознати џез пијанисти. Семејството моли за разбирање во ова, за нив, исклучително тешко време“, соопшти „Croatia Records“.

Матија Дедиќ, синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак, беше хрватски џез-пијанист и композитор, роден во 1973 година во Загреб.

Тој беше познат по својот виртуозен стил и спој на џез со елементи на класична музика и домашна музичка традиција.

Матија студирал пијано во Грац (Австрија), а во текот на својата кариера соработувал со бројни џез музичари, како што се: Бошко Петровиќ, Дарко Јурковиќ, Тамара Обровац, Ладислав Фидри, Бастер Вилијамс, Џеф Балард, Лени Вајт, Лари Гренадиер, Антонио Санчез, Скот Коли, Кендрик Скот, Висенте Арчер, Марк Марфи, Игнасио Бероа итн.) и со најпознатите хрватски музичари од други жанрови. Настаувал ширум Европа, САД и Бразил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com