На X платформата, поточно профилот „на една българка“, беше објавено видео кое го привлече вниманието на корисниците, придружено со следната порака:
„Матурските прослави во Бугарија се како Мет Гала, каде што учениците се облекуваат во гламурозни фустани, модерна облека и пристигнуваат со стил за да ја прослават една од најочекуваните ноќи во нивниот живот“.
Целосен спектакл
Ако описот е автентичен, гледаме матурантка во син фустан како пристигнува на забавата, а како превозно средство избрала – багер, објави Телеграф.
За да биде спектаклот комплетен, таа е придружена од трубачи, но и од воодушевени минувачи!
Не е невообичаено младите да нè изненадуваат по повод прославите на матурирањето, но ваквото пристигнување дефинитивно ги поместува границите.