Жирафа успеа да преживее напад од чопор лавови, кој траел дури пет часа и покрај тоа што еден лав успеа со забите да ја фати за грбот.
Шест гладни лавови нападнале возрасна жирафа во јужноафриканскиот резерват за диви животно „Класери прајвт Нејчр Ресерв“.
Жирафата сакала да јаде од дрвото во близина, кога одеднаш почнале да кружат лавови околу неа. Еден мажјак и една женка и скокнале на грбот, додека останатите два лава се обиделе да ја нападнат кај нозете, со цел да ја соборат.
Иако раната на нејзината нога многу крварела, жирафата успеала после четири часа борба да ги истера крволочните ѕверки и да си го спаси животот.
Видео – https://www.youtube.com/watch?v=O2lwQZ9xovg