Хали Бери се закопча до грло и докажа дека и понатаму е најсексапилната жена (ФОТО)

by Тони Зографски

Хали Бери се појави на последната вечер на Канскиот филмски фестивал, а за таа пригода реши да „закопча до грло“.

Иако на почетокот им се придружи на познатите ѕвезди кои ги бојкотираа правилата на организаторите на фестивалот – кога станува збор за начинот на облекување, се чини дека на крајот актерката одлучила да ги испочитува организаторите и да остави добар впечаток.

Имено, таа на црвениот килим прошета во беж креација која ја следи линијата на телото и го носи потписот на познатата модна куќа „Диор“. Фустанот е дел од колекцијата пролет/лето 2025 и го красат интересни детали од чипка и волна.

Покрај тоа, составен дел на фустанот е и црната лента, која имаше за цел да го нагласи струкот на убавата актерка.

Хали го надополни стајлингот со дискретни додатоци, шминка во „nude“ тонови и брановидна фризура, стилизирана во ретро стил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com