Кели Брук, некогаш прогласена за жена со „најсовршено тело на светот“, неодамна го постигна еден од своите најголеми лични успеси – успешно го заврши Лондонскиот маратон. Иако се здоби со повреда на стапалото за време на трката, таа истакна дека секоја минута напор и болка вределе.
Освен физичката подготовка за маратонот, Брук направи и значајни промени во начинот на живот. Со новата рутина и промена во исхраната, таа успеа да ослабе околу 12 килограми. Како што објаснува, сè започнало со одлуката да се чувствува подобро – за себе, а не за другите.
По нејзиното враќање од Лос Анџелес во Обединетото Кралство во 2017 година, Кели се здебелила неколку килограми, бидејќи престанала со редовно вежбање. Но, последната година направила целосен пресврт. Во интервју за „Дејли меил“, таа откри како изгледа нејзиниот дневен план на исхрана.
За појадок, ако има време, сака да јаде гранола бар со кафе. Кога брза, носи шејк за по пат. Често јаде слична храна и за ручек. Иако поради обврските нема многу време за оброци во текот на денот, вечерите ѝ се многу важни – тогаш вечера заедно со сопругот Џереми Париси.
„Џереми секогаш готви здрава, но вкусна вечера. Сака да запали свеќа и да ја постави масата, како во филм. Потекнува од италијанско-француско семејство, па за него седењето и јадењето заедно се многу важни“, вели Кели.
Парот се грижи да остане активен – секој викенд излегуваат на долги прошетки со своето куче, наместо да седат дома. „Тоа е нашиот стил на живот. Повеќе сакаме да бидеме на отворено, да се движиме, да се чувствуваме здраво и живо“, додава таа.
Кели истакнува дека нејзиниот сопруг ѝ е поддршка на патот кон поздрава верзија од себе, но не затоа што очекува од неа да ослабе. „Никој не се грижи како изгледаш, освен ти самиот. Треба да направиш сè за да се чувствуваш добро. Ако тоа го правиш за некој друг – тоа е борба што никогаш не завршува“, порача Брук.
Таа признава дека денес е среќна и самоуверена жена, која не се оптоварува со бројките на вагата. „Ако се чувствувам добро, тоа се гледа – и можеби води до повеќе љубов со партнерот“, се насмевнува таа.
Осврнувајќи се на својата фигура од младоста, Кели вели дека иако тогаш била значително послаба, денес се чувствува многу поисполнето. „Во моите 20-ти години бев меѓу ретките модели со облини. Мажите ме поддржуваа, но женските списанија често не. Денес, среќна сум што светот прифаќа повеќе облици и големини“, вели таа.
Иако денес изгледа поинаку, Кели е горда на својот пат. „Ако некој ме гледа како модел од 90-тите и вели дека не сум иста, нека биде така. Јас сум сега 44-годишна мажена жена, имам сосема друг живот. Не се навраќам на минатото – сакам само да одам напред. А оние што коментираат, треба да се запрашаат како тие ‘e изгледаат по 25 години“, заклучува таа со насмевка.