Една од најголемите филмски ѕвезди на денешницата, Том Круз, конечно проговори за својата поранешна сопруга актерката Никол Кидман, со која беше во брак 11 години.
Во ексклузивно интервју за списанието „Sight and Sound“, 62-годишниот актер Том Круз откри детали за нивната професионална соработка на култниот филм на легендарниот режисер Стенли Кубрик „Очи широко затворени“.
„Летав до куќата на Кубрик и слетав во неговиот двор. Го прочитав сценариото претходниот ден и го поминавме денот зборувајќи за него. Ги знаев сите негови филмови“, се присетил Круз.
Круз во интервјуто нагласи дека лично инсистирал неговата тогашна сопруга Никол Кидман да добие улога во филмот: „Тогаш тој и јас во основа се запознававме. И за време на тој процес, ја предложив Никол за улогата на Алис, бидејќи таа очигледно е одлична актерка.“
„Беше навистина посебно искуство. Немаше многу луѓе на снимањето, работевме во текот на летото, а сценариото на почетокот беше само груба идеја. Постојано ги преработувавме и преснимувавме сцените за да го пронајдеме вистинскиот тон за филмот – додал познатиот актер.
Коментарите претставуваат ретка можност за Круз јавно да проговори за Кидман откако двајцата се разведоа во 2001 година.
Поранешната двојка се запозна на снимањето на „Денови на грмотевици“ во 1990 година. Кидман се присети на моментот во „Шоуто на Џес Кејгл“: „Се сеќавам дека бев толку нервозна кога го видов Том Круз како вози во поршето. Излезе од автомобилот и влезе низ вратата, а јас бев во шок. Ми падна вилицата.“
По разделбата, двајцата изградија импресивни кариери. Во приватниот живот, Кидман е во брак со пејачот Кит Урбан од 2006 година, со кого има две ќерки. Круз се ожени со Кејти Холмс во 2006 година по врската со Пенелопе Круз, со која ја има ќерката Сури, но тој брак заврши во 2012 година. Актерот од неодамна го поврзуваат со кубанската актерка Ана де Армас.