Леди Гага и Бредли Купер го “запалија“ Лас Вегас (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Леди Гага која ја освои публиката и критичарите за улогата во филмот “Ѕвездата е родена“ одржа концерт во “Парк Тетарот“ во Лас Вегас за кој уште долго ќе се зборува. Во еден момент на сцената се појавил никој друг туку нејзиниот партнер од филмот, Бредли Купер. Тој поздравен од публиката, на општо воодушевување заедно со Лејди Гага го отпееја хитот ‘Shallow’од филмот “ Ѕвездата е родена“ кој е номиниран за Оскар. Во еден момент Купер ја поздравил публиката со: ‘Hello, Vegas’.

Дуетот најбргу постана сензација на социјалните мрежи.

“ Каква лудница. Беше незаборавно. Мора да се покрене петиција двајцата да заминат на турнеја“ – беа дел од коментарите на социјалните мрежи.

останати вести