Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Дијабетесот е здравствена криза во светот. Нивото на шеќер над нормална граница е токсично за клетките. Ризикот за развој на дијабетес се зглемува со возраста.
Ако имате дијабетес знаете дека јаглехидратите го покачуваат нивото на шеќер во крвта. Изборот на јаглехидрати влијае на шеќерот во крвта и помага во контрола на тежината.
Гликемискиот индекс (ГИ) мери колку храната го качува шеќерот во крвта, го оценува ефектот на одредена количина на храна врз шеќерот во крвта во споредба со истата количина на чиста гликоза. Храната со гликемиски индекс 28 го зголемува шеќерот во крвта за 28% одколку чистатага глукоза. Храна со ГИ 95 делува како чиста гликоза.
Храната со висок ГИ резултира со брз скок на инсулинот и шеќерот во крвта. Храната со низок ГИ има побавен, помал ефект.
Низок ГИ (од 55 или помалку): повеќето овошја, зелени зеленчуци, јаболко, портокал, грејпфрут, круша, праска, сливи, јагоди, грав, леќа, наут, морков, минимално обработени житарки, јајца, млечни производи со малку масти, јадки.
Умерен ГИ (од 56 до 69): сладок компир, пченка, банана, цреши, кускус, овесни житарки за појадок, ‘ржан леб.
Висок ГИ (од 70 или повеќе): бел леб, бел ориз, оризови колачи, компир, лубеница, ананас, манго, суви смокви, крекери, крофни, кроасани, повеќето житарки за појадок.
Наместо храна со висок ГИ (бел ориз, инстант овесна каша, корнфлекс, пржени компири, бел леб, пченка) јадете храна со понизок ГИ (кафеав ориз, овес, снегулки од трици, булгур, леб од цело зрно, грашок, лиснат зеленчук).
Со исхраната може да се контролира дијабетесот:
– насочете го вниманието на јадењето, не јадете пред телевизор, компјутер, телефон, додека возите
– оцетот го подобрува отстранувањето на гликозата од крвта, се подобрува дејството на инсулинот во скелетните мускули
– јадете полека
– јадете од чинија, не од кеса или кутија
– престанете да јадете пред да се чувствувате сити
– јадењето протеини (месо, риба, јадки, јајца, сирење) и зеленчук со јаглехидрати може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта. Грст бадеми или ореви или сирење пред оброк може да помогне во контрола на нивото на шеќер во крвта поради нивната висока содржина на здрави масти, протеини и влакна.
– губиток на килограми помага да се врати нивото на шеќер во крвта во нормала и да се намали крвниот притисок и холестеролот во исто време
– физичката активност е можеби најефикасна во контрола на намалување на шеќерот во крвта и подобрување на инсулинската резистенција, подоцна во денот, попладне, особено по оброк
– намалување на внесот на калориите
– регуларните оброци дозволуваат подобра искористеност на инсулинот
– хормоните кои се ослободуваат од масното ткиво влијаат на апетитот и на инсулинската активност. Лептинот, инсулинот, естрогените, андрогените и хормонот за раст влијаат на апетитот, метаболизмот и дистрибуцијата на телесните масти. Дебелите луѓе имаат нивоа на хормони кои поттикнуваат таложење на телесните масти. Дебелината е фактор на ризик за болеста.