50-годишната Ева Лонгорија привлече внимание со својот спектакуларен изглед во неделата во Мадрид на доделувањето на наградите Платино, откако ја освои престижната почесна награда. Лонгорија носеше долг, гламурозен црн фустан со длабоко деколте украсено со скапоцени камења, кое го надополни со дијамантски обетки.

Фризурата била комбинација од рамно фенирана и благо брановидна, а шминката комбинација на неутрални и посилни тонови.
Заводливо, атрактивно и свечено, а за целиот изглед да е таков придонеле и обетките кои биле со бисери како деколтето на фустанот.
Иако се мисли дека фустаните со деколте се „резервирани“ само за големи облини, сепак Ева докажала дека не е така. Важна е само вистинската мера и соодветен фустан за вашите атрибути.

Без оглед на тоа дали имате изразени облини или не, секогаш има начини да ја истакнете вашата убавина која никогаш не се сведувала на броеви, големини и слични детали.

Фустанот е одличен избор за дами со помали гради, а и за оние со слична висина на Ева Лонгорија која е висока 157 сантиметри.


