Водителката на “Канал 5“ Јелена Спенџарска доби брачна понуда од Марјан Трајчев од село Пухче кој пред неколку години стана познат на јавноста откако се јави во телевизијата да побара помош за љубовниот живот.
„Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твојта година, време ти е Јеленче не ти мислам лошо. Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ќе биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш, доста ти е шетање, ќе бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка“ – е дел од постот на Марјан поставен на својот Фејсбук профил.
Инаку, Марјан Трајчев чува 300 овци и е вреден човек, а на неговата идна избраничка сака да ѝ купи се што ќе посака, а единствен услов е да биде домаќинка.