Сузан Тромбети тврди дека постои начин дамите што првенствено го ценат факторот пари кај партнерот да дојдат до еден таков фраер.
Богатството не се мери само во пари, туку и во вредноста на човечките односи, но финансиската сигурност е добра работа. Сузан Тромбети, познат експерт за односи, открива како да привлечете богат партнер и да станете дел од ексклузивните кругови во кои се движат милијардерите.
– Првите чекори кон заљубувањето во милијардер започнуваат многу време пред да го запознаете. Клучно е стратешки да се позиционирате и да бидете блиску до нив, но не само до еден, туку до повеќе милијардери, – изјавила Сузан за Дејли меил.
Иако бракот со богат партнер може да реши многу финансиски проблеми, Сузан предупредува дека парите не треба да ви бидат единствениот мотив.
– Не сакам да ги поттикнувам жените да се мажат само за пари, иако знаеме дека тоа се случува. Многу жени доаѓаат кај мене со желба да најдат „ултра-богат“ партнер, но тоа не значи дека не бараат и љубов. Освен група мажи кои исклучиво бараат убави жени, милијардерите се како и секоја друга личност, само имаат неверојатна банкарска сметка“, изјавила таа.
Овој експерт за поврзување парови, наведува примери на т.н. „обични жени“ кои се омажиле за исклучително богати мажи.
– Овие жени се интелигентни, софистицирани, убави и способни да се справат со предизвиците на светската сцена. Во никој случај не се обични жени, обидете се да бидете како нив – советува таа.
Сепак, таа предупредува на недостатоците на таквите бракови.
– Многу богати мажи знаат дека можат да го заменат своето богатство за младост и убавина. Тоа е крајно површно. Тоа е непишан договор стар колку и самото време, но зошто некоја жена би се продала себеси под сопствената вредност? Сте слушнале дека можете да се заљубите во богат човек, исто како што можете во сиромав. Мој совет е паметно да играте со картите и нема ништо лошо во тоа, – заклучува оваа жена стручњак за односи.
За оние кои сакаат да освојат милијардер, таа нуди конкретни совети:
1. Посетувајте ги најдобрите училишта и стекнете високо образование за да можете да работите во компанија на некој милијардер.
2. Научете повеќе јазици и станете глобално писмени.
3. Не очекувајте да бидете само „жена во сенка“, туку активен учесник во врската.
4. Патувајте до елитни дестинации како Аспен, Дубаи, Монако, езерото Комо и француската ривиера за да ја проширите вашата мрежа на контакти.
5. Присуствувајте на ексклузивни настани како што се гала вечери, уметнички изложби и коњски трки, каде што се собираат милијардери.
6. Поврзете се со елитни стројници кои имаат контакти во светот на богатите и моќните.
