Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари“: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија

by Тони Зографски

Докторот и екс-директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски информираше дека повеќе млади биле хоспитализирани на клиниката, а го преживеале пожарот во кочанската дискотека. Според него, секој од младите има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале во тие 10-30 минути додека траел хоророт во „Пулс“.

Како што објави докторот, преживеаните „раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности“.

Беќаровски жали и оценува дека „ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник“.

останати вести