Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.
Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.
„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјави за Информер извор запознаен со случајот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.