41-годишен таксис е нападнат утрово околу 2 часот во центарот на Ниш, пренесуваат медиуми од нашиот северен сосед.
Имено, таксисот превезувал младо момче кое имало 18 години. Но, момчето одбило да плати за превозот и со нож го прободело таксистот во стомакот.
Возачот се здобил со полесни повреди а напаѓачот избегал во непознат правец, но според информациите на полицијата, напаѓачот е веднаш идентификуван. Истрагата е во тек.