Поранешниот директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и бизнисмен, Ратко Капушевски попладнево беше уапсен во неговиот, а според информациите на Плусинфо, полицијата со претрес на локацијата.
Полицијата, преку Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција, а во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка, врши претреси на различни локации во Скопје и низ државата.
„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, накратко ни одговорија од МВР.
Овие дејствија се во рамки на истрагата за сомнителни набавки на деривати и сериозна штета на државниот буџет, како и на здравјето на граѓаните. Засега, не се објавени дополнителни детали и не е познато кои конкретни кривични дела му се припишуваат на Капушевски.
