Грасиела Алфано, 72-годишна аргентинска манекенка и актерка, и покрај својата возраст, и понатаму предизвикува внимание кај многу мажи ширум светот.
Грасиела Алфано, 72-годишна аргентинска манекенка и актерка, и покрај својата возраст, и понатаму предизвикува внимание кај многу мажи ширум светот.
Грасиела стана позната во 70-те години на минатиот век, а денес повторно е во центарот на вниманието поради нејзината поврзаност со легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо (44).
Неодамна, атрактивната Аргентинка објави провокативно видео на Инстаграм, на кое се прикажува гола под туш. Видеото предизвика голема реакција на социјалните мрежи. Јавноста почна да шпекулира дека Роналдињо ја снимал оваа сцена, а Грасиела ја зголеми оваа претпоставка со фотографија на која позира заедно со фудбалерот.
Меѓутоа, Грасиела одлучи да стави крај на сите шпекулации и да ја открие вистината:
„Го сакам ова видео и се чувствувам одлично во своето тело. Но, кој го снимил? Тоа е вистинското прашање“, изјави таа, додавајќи: „Луѓето мислеа дека Роналдињо го снимил видеото само затоа што заедно се сликавме во лифт. Но, тоа нема никаква врска со вистината“, напиша Грасиела.