Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како в.д. заменик директор во „Македонија пат“.
За сменатта на вториот човек на Јавното претпријатие, на Фејсбук објави самиот Шуковски.
За Сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка. Како што тогаш тврдеше, тој не ја застрелал мечката, туку таа била жртва на сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност.