Не е Лондон, не е Париз, ниту Венеција… Хрватска инфлуенсерка го пофали Скопје како дестинација (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата хрватска травел-блогерка Бојана Станковиќ која го води инстаграм профилот „свјетскипутник“ објави видео од патувањето во Скопје!

Како што сподели во својата инстаграм објава, нивна прва дестинација била Скопје!

– Запознавме прекрасни и срдечни луѓе, дознавме неверојатни приказни, се дружевме со кучиња и мачки… Преминувавме мостови, јадевме превкусна храна, пиевме вино, пиевме локално пиво… Децата пробаа „газоза“… напиша таа во описот на видеото.

Во компилацијата на фотографии од Скопје, таа направи и интересна паралела со знаменитосите од светските метрополи!

Не е Венеција, не е Берлин, не е Сараево, ниту Париз…Ниту Турција, Лондон…Позрав од Скопје!

Најави дека продолжуваат со посета на Охрид.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com