Жител на Шангај изгубил повеќе од 26.000 евра откако бил намамен во онлајн врска со фиктивна девојка создадена од вештачка интелигенција.
Измамата користела софтвер за вештачка интелигенција за да создаде видеа и фотографии од имагинарна млада жена, објави кинеската „CCTV“.
Жртвата на онлајн измама префрлила речиси 200.000 јуани (околу 26.250 евра) на банкарската сметка на својата „девојка“.
Искористени се лажни видеа и фотографии за да се убеди жртвата на измамата дека на девојката наводно и се потребни средства за да започне бизнис и да помогне на некој близок да плати медицински трошоци.
Се разбира жртвата на измамата никогаш лично не ја запознала својата наводна девојка.
Колку ваквото однесување станало широко распространето, покажува фактот дека неодамна „девојката“ генерирана од вештачка интелигенција позната како Аика Кити добила повеќе од 500 понуди за брак во пресрет на Денот на вљубените – иако таа не е вистинска личност.
Оваа дигитална личност заработува импресивни пет илјади фунти месечно на платформата „Fanvue“, каде што претплатниците можат да комуницираат со ликовите создадени од вештачка интелигенција.
Според податоците на Институтот за јавни политики и истражувања (ИППР), бројот на корисници на овие услуги расте од ден на ден.
Аика Кити е еден од најуспешните примери на такви дигитални инфлуенсери, а нејзините креатори тврдат дека таа не само што привлекува внимание, туку и гради база на лојални фанови кои се подготвени да платат за да комуницираат со неа.
Извор: Б92