Непишано правило е дека жените и мажите со манекенство и како модели започнуваат да се занимаваат на млади година. Но, Марко Консоли, модел од Италија, го прекрши ова правило.
Тој 30 години работел како финансиски менаџер, да во својата 53 години одлучил да работи како модел.
“ Ме приметија во едно кафуле во Белград, ме фотографираа и така почна мојата модел-кариера. Сфатив дека моето лице на стар господин е многу функционално. Почитувам луѓе кој кариерата ја започнаа многу млади, но ја за една година јас направив повеќе одколку некој за цела кариера. За 18 месеци имав дури 130 фотографирања“ – вели Марко и додава:
“ Го прошетав целиот свет. Она што не ми се допаѓа во светот на модата е зависта и љубомората“ – објаснува Марко Консоли кој има 36 годишна ќерка и 24 -годишен син.
Марко секое утро станува во 6 часот, вежба 50 минути, а како што тој вели, здраво се храни и користи креми за нега на лицето.
Инаку, освен како модел тој сака да влезе и во светот на филмот, и како што истакнува, во иднина сака да се занимава на двете полиња и популарноста да ја искористи на најдобар начин.