Нина Бадриќ од моментот кога стапи на музичката сцена ѝ го привлече вниманието на јавноста. Благодарение на природната убавина и неверојатните гласовни способности, таа брзо ги освои срцата на публиката надвор од Хрватска, а деновиве ужива во „земјата на соништата“, каде што отпатува по уште еден успешен концерт.
Нина објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, а судејќи по нив ужива на Тајланд, на светски позната локација – онаа на која се снимаше хит серијата „Белиот лотос“.
Прво објави фотографија во бањарка покрај базен, а потоа „пристигна“ во црн костим за капење.