Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се разведуваат само 11 дена по нејзиното голо појавување на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите.
Странските медиуми јавуваат дека Бјанка и Канје усно се договориле таа да добие порамнување од 5 милиони долари по нивниот краток брак, кој заврши во декември 2022 година. Извор близок до 47-годишниот рапер потврди дека парот сега се разделил и дека во наредните денови се очекуваат официјални правни постапки за прекин на бракот.
Бјанка (30) моментално престојува во нивната куќа вредна 35 милиони долари во Беверли Парк Норт, Лос Анџелес. Не е познато каде е Вест, но некои веруваат дека тој можеби се вратил во главниот град на Јапонија, Токио, каде што поминал голем дел од изминатата година живеејќи во хотел.