Автомобил влета во Вардар, загинаа три лица

by Тони Зографски

Три лица загинаа кога автомобил влетал во реката Вардар кај селото Рашка, јавуваат неколку веб портали.

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за кризи, потврди дека сите три жртви се од женски пол.

Автомобилот бил извлечен од реката, а телата на жртвите биле внатре .

Продолжува потрагата по четврто машко лице кое најверојатно испаднало од возилото во реката Вардар, рекол Ангелов.

На местото на несреќата било пронајдено четиригодишно дете кое од случајни минувачи било пренесено во Градската болница „Свети Наум Охридски“.

Лекарите потврдиле дека детето е во комуникациска состојба и не е тешко повредено.

останати вести