Јелена Розга се мажи за 11 години помладиот Иван (ФОТО)

by Тони Зографски

Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга се мажи за синот на легендарниот композитор, музичар…Тончи Хуљиќ, Иван!

Како што ексклузивно дознава Курир.рс. , свечената церемонија ќе се одржи во Сплит наесен.

Семејството и најблиските пријатели ќе бидат на забавата, па поканите ќе пристигнат на околу 500 адреси. Но, тоа не е се. Идните младенци ќе имаат дури две свадби. Една во Хрватска, а втората ќе биде на некоја егзотична дестинација.

Моментално во домот на Розга и Хуљиќ се избира дали тоа ќе бидат популарните Малдиви или Бали.

– Во домот на Јелена и Иван се почесто се слушаат свадбени ѕвона. Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен – вели добро информиран извор близок до парот.

останати вести