Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија. Се појави листата на луѓе кои треба да бидат вратени во своите земји, на која има дури 1,445,549 жители.
Според листата, 341 лице, треба да бидат испратени во Македонија.
Најголем број на жители треба да бидат депортирани во Хондурас, односно 261.651 лица.
Од земјите во соседството, на листата се најдоа 118 лица кои треба да се депортираат во Косово, 727 во Бугарија, 211 во Грција, 1874 во Албанија и 50 во Србија. Интересно е што на листата се најдоа и 845 лица кои треба да бидат депортирани во Југославија, држава која повеќе не постои, исто и на листата имаше непостоечки земји како СССР, Чехословачка…