Актерот Игор Ангелов кој во “Преспав“ ја играше улогата на Коста на социјалните мрежи има споделено неколу фотографии од своето семејство. Тој својот приватен живот, со сопругата Ева и синовите Јакови и Андон живее во Скопје, поточно во селото Бардовци.
Инаку, Игор Ангелов во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Добитник е на наградите за најдобар млад актер (2001) и најдобра машка споередна улога (2007) на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински.
Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем печат во неговата кариера.