Музичарот Стинг е во брак со Труди Стајлер од 1992 година. Во раните 90-ти, тој зборуваше во медиумите за нивните „седумчасовни секс маратони“. Сега откри дека тоа е лага и дека само се шегувал.
„Седум часа вклучува вечера, филм и пет часа молење“, рече тој во интервју за „Тајмс“.
Иако тоа дури сега го призна, неговата сопруга уште во 2011 година рече дека изјавата за седумчасовен секс е „пијано фалење“ и се пошегува дека „тоа го прават цел ден“.
„Стинг го кажа тоа пред 21 година. Неодамна наполни 60 години и претпоставувам дека таа тантричка приказна ќе трае додека не умре. Знаете кој е виновен за тоа? Боб Гелдоф. Тој и Стинг отидоа на интервју со рок новинар што прерасна во ‘пиенка’, а во еден момент, новинарот ги праша колку долго им трае сексот. Гелдоф рекол дека е „маж од три минути“. Бидејќи Стинг практикува јога, веројатно би можел да издржи со часови, па тој рекол: „Дали сте слушнале за тантричкиот секс“, рече Труд
Во новото интервју Стинг сподели и други детали за бракот. Тој вели дека тантричкиот секс за него е духовен чин.
„Не знам почист и подобар начин да ја изразам љубовта кон друга личност од споделувањето на тој убав настан, кој јас го нарекувам „света тајна“. Не е седум часа, но идејата стои“, рече тој.
Стинг и Труди се запознале во 1982 година, додека музичарот сè уште бил во брак со неговата прва сопруга Френсис Томелти. Отпрвин биле пријатели, но се заљубиле. Откако се разведе од Френсис во 1984 година, тој започна врска со Труди.