Го покажа задникот, па направи хаос на концертот (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Рио де Жанеиро и оваа година беше домаќин на најголемиот новогодишен спектакл во светот, а посетителите на настанот ги забавуваше атрактивната пејачка Анита.

Покрај гласовните способности, бразилската убавица ги воодушеви сите присутни и со својот стајлинг.

За најлудата ноќ во годината на плажата Копакабана (Рио де Жанеиро), Анита избра симболична црвена комбинација која ја искомбинира со халтери, така што изгледаше особено провокативно.

Покрај тоа, минијатурниот долен дел го откриваше нејзиниот задник, а во еден момент таа изведе „жешки“ танцови движења кои никого не оставија рамнодушен.

Скандал на социјалните мрежи

Фотографиите и видеоснимките од настапот на Анита, за кратко време се појавија на социјалните мрежи, а мислењата на корисниците беа поделени.

 

Додека некои пишуваа пофалби за сексапилноста на Анита, други ја критикуваа поради начинот на кој таа танцуваше пред публиката.

„Интересно, Бразилките со години се чувствуваат навредени, затоа што луѓето ги нарекуваат к***и, а потоа се појавува Анита и одеднаш сите ја обожаваат“, „Боже, зошто мора вака да танцува“, беа само дел од негативните коментари.

останати вести