Божиќ во бикини: Ева Лонгорија на празничен одмор во Марбела (ФОТО)

by Тони Зографски

Ева Лонгорија овој Божиќ ужива во деновите на сонце, море и во бикини. Таа на Инстаграм објави прекрасни сцени од одморот и ги остави фановите без зборови со својата беспрекорно обликувана фигура.

Ева Лонгорија го помина Божиќ впивајќи малку сонце. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ на својот Инстаграм профил објави фотографии во бикини.

„Надвор од канцеларијата – напиша таа во описот на божиќните фотографии, на кои се забавува со 6-годишното синче, 56-годишниот сопруг и 28-годишната поќерка.

На една од објавените фотографии, 49-годишната актерка тргнува кон камерата во темно син костим за капење со очила за сонце на главата. Во истиот градник таа позирала седната на маса уживајќи во шолја кафе, со широка насмевка на лицето.

Објавата на Ева ѝ донесе бројни коментари и комплименти од обожавателите кои не можеа, а да не ја забележат нејзината прекрасна телесна фигура во темно бикини со златни детали.

останати вести