Дуа Липа се сврши по една година врска (ФОТО)

by Тони Зографски

Дуа Липа му кажа „ДА“ на Калум Тарнер.

Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ. Тие планирале да ја дочекаат Нова година со семејството и пријателите.

На последните фотографии објавени на Instagram, на нејзиниот прст блеска голем дијамантски прстен.

„Дома за празниците“ – напиша Дуа, која по потекло е од Косово.

ImageImage

ImageImage

Калум Тарнер е шест години постар од Дуа Липа, а актерската кариера ја започнал во 2011 година. Освен со актерство, тој се занимава и со манекенство и има работено за брендови како Барбери, Рибок и Вог. Претходно бил во врска со актерката Ванеса Кирби. Од друга страна, Дуа Липа ја раскина врската со францускиот режисер Ромен Гаврас минатиот декември

останати вести