Џенифер Лопез за британскиот Вог раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек.
Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.
„Размислував така да некои работи не ми се случуваат мене, туку се случуваат за мене, и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа, додавајќи: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се прифати како лекција за тоа што е“.
Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои и се случуваат и напомена дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.
„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучи таа на крајот.
Инаку, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа уште една шанса на својата љубов, која не траеше долго.