Ким Кардашијан неодамна го повреди стапалото, а на социјалните мрежи сподели фотографија од гипс во облик на потпетица. Ким дури успеала да си направи црвен маникир на ноктите на повреденото стапало.
Таа на Инстаграм сподели фотографија од својот уникатен гипс, а не изостанаа реакциите на фановите.
„Секогаш сте чекор понапред кога е модата во прашање“, „Ова ќе стане нов тренд“, „Кога ќе ја скршиш ногата, но не се откажуваш од излегувањето“, се само дел од коментарите.
Но, имаше и такви кои изразија загриженост, посочувајќи дека носењето гипс во таква форма не е здраво и може дополнително да ја влоши повредата.