Кум и кума направија невидена забава на свадба, цел свет се смее (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На Тикток се шири видео од свадба во Австралија кое стана хит, но главни ѕвезди не се младенците, туку кумовите.

Имено, кумот и кумата решиле да дојдат на свадбата со стил, па во салата влегле облечени како младенци.

Кумата се појави во костум, но кумот беше тој кој го украде шоуто кога се појави пред гостите во венчаница. Тој го крена букетот во воздух и танцуваше со кумот на песната Sexy and I Know It.

Откако го изведоа својот мал скеч и добија аплаузи, кумот и кумата застанаа на своите места и го чекаа доаѓањето на младенците.

Видеото собра повеќе од 6 милиони прегледи и дури 750 илјади лајкови, а Tiktokers во коментарите ја пофалија нивната идеја.

„Една од најдобрите идеи досега“, „Кумата изгледаше одлично во костум, но кумот блесна во венчаницата“, „Ја разбраа задачата“, „Сакам мажи кои немаат срам“ и „Тие откинаа “ се само дел од коментарите под видеото.

останати вести