„Мајка ми ме „кршеше“ од ќотек“: Познатата пејачка ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ (ФОТО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез јавно ѝ го честиташе роденденот на нејзината мајка Гвадалупе, која своевремено толку многу ја тепала што таа морала да го напушти семејниот дом.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна објави низа фотографии на Инстаграм со нејзината мајка Гвадалупе „Лупе“ Родригез:

„Среќен роденден мамо. Те сакам многу. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене“, напиша Џеј Ло, која сега е во добри односи со нејзината мајка, меѓутоа не секогаш било така.

Jennifer Lopez oduševila pratitelje selfiejem s majkom, čestitala joj 79. rođendan

Во документарниот филм на Нетфликс, „Halftime“, Џенифер истакна дека поради мајка ѝ морала да го напушти семејниот дом.

„Имав комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше она што мораше и затоа е силна, но затоа беше и груба. Не тепаше, нè кршеше од ќотек“, рече пејачката, која има и две сестри.

останати вести