Трамп помладиот ја оставил свршеницата: Оваа фатална русокоса е неговата нова љубов? (ФОТО)

by Тони Зографски

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата девојка Кимберли Гилфојл ја раскинаа свршувачката, потврдија повеќе извори за магазинот „Пејџ Сикс“, пренесува „Б92“. Сепак, тој не е сам.

Имено, Доналд Трамп помладиот не чекал долго, наводно си нашол нова партнерка. Како што изјавија повеќе извори за гореспоменатиот магазин, станува збор за девојка која е дел од високата класа, Бетина Андерсон.

Упатените додаваат дека Трамп Џуниор и Кимберли веќе некое време биле во лоши со поранешната девојка и декa било прашање на денови кога ќе раскинат.

Image

„Дон и Кимберли не се согласуваа многу добро изминатава година. Тие се караа и пред други луѓе – не беше голема работа, но знаете како е кога пар се кара јавно“, открил изворот.

Покрај тоа, Доналд Џуниор во последните неколку месеци неколку пати беше фотографиран во друштво на Андерсон, што дополнително ги подгреа гласините.

Tramp Mlađi ostavio verenicu: Šuška se da sada ljubi ovu fatalnu plavušu FOTO

„Бетина и Трамп јуниор се заедно неколку месеци. Тие се многу слатки и среќни. Нивната врска изгледа толку природно и сите се среќни за нив“, открил изворот.

Доналд и неговата свршеница сè уште не се изјасниле за овие наводи – а ниту неговата наводна девојка Андерсон.

останати вести