Синоќа на националната арена „Тоше Проески“ се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун во 20.30 часот. Според информации од терен, маскирани лица се обиделе да го одземат дневниот промет од продавницата, при што биле испукани неколку куршуми.
Разбојниците на локацијата пристигнале со тротинет.
Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“. За кратко на локацијата пристигнала и полиција, која ги фатила и двете лица.
Од министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.
„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк. Веднаш по добиената пријава, беа преземени соодветни мерки и активности. Сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.