Англискиот таблоид „The Sun“ откри како познатиот британски хирург Рошан Равиндран решил да го тужи Кристијано Роналдо за долг кој наводно е околу 40 илјади фунти (околу 48 илјади евра). Според информациите, Равиндран, попознат како „Д-р Рос“, тврди дека Португалецот му останал должен за третманите направени во 2021 и 2022 година, по враќањето во Манчестер Јунајтед.
Специјализацијата на поранешниот кардиолог вклучуваат ботокс и филери, нега на кожата и подигнување на веѓите. Равиндран не ја спомна партнерката на Роналдо, Георгина Родригез (30), но тврди дека тој работел за Роналдо „и членовите на неговото семејство и придружбата“ во неговата клиника во Чешир.
За целата ситуација хирургот рекол: „Правниот процес е во тек, а јас како професионалец не можам да откријам детали за моите пациенти. Се ќе дознаете кога ќе дојде време“.
Роналдо моментално игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, а се проценува дека добива нешто повеќе од 200 милиони евра годишно.