Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

by Тони Зографски

Сообраќајна несреќа се случи синоќа на автопатот кај местото Појат во Србија, каде македонски автобус се излизгал и удрил во банкината поради лошите временски услови. Нема информации за повредени патници, но причинета е значителна материјална штета.

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Србија. Патиштата се многу лизгави, а снежните наноси доведоа до затворање и ограничување на одредени патни правци. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот беше речиси во колапс, при што на возачите им се препорачуваше максимална внимателност и користење зимска опрема.

 

 

останати вести